Владата ја прифати препораката и одлучи да го скрати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:
Оваа одлука, објави премиерот Заев, важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
Покрај одлуката за затворање на овие објекти порано, Владата донесе одлука и за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
Од Илинденска испраќаат и препорака, граѓаните да не се движат по 21:00 часот на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Со претходните мерки, угостителските објекти можеа да работат до 23 часот, а групирањето беше забрането по 22 часот.