Со денешната статистика, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и во Италија оваа пролет, а властите кај нас, вели, прогласија победа над пандемијата уште во мај
Mинистерот за здравство Венко Филипче одбра да им слугува на Зоран Заев и на Владата, а како резултат на нивната негрижа секојдневно се зголемува бројот на починати од корона вирус, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Клан.
„Сепак, мислам дека е врвен професионалец и човек кој ако се држи до тоа што знае најдобро да го работи ќе биде успешен. Но, за жал, сега влегува во една втора фаза од неговото министерување, кога влегува од грешка во грешка“,
изјави Мицкоски.
Со денешната статистика, според Мицкоски, во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и во Италија оваа пролет, а властите кај нас, вели, прогласија победа над пандемијата уште во мај.
„Денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија.Тука нема етнички состав. Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми умираат поради негрижата на оваа Влада и институциите што ги менаџира оваа Влада“,
рече Мицкоски.
