Донација од брзи тестови за ковид-19 утре треба да пристигнат во земјава, најави министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.
„13 илјади брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање.“
рече Филипче.
Освен оваа донација Министерството за здравство, со ребалансот на буџетот добива голема сума пари, близу 40 милиони денари, со кои следниот период ќе бидат набавени близу 100 илјади тестови, како би се одговорило на потребите на граѓаните.
Изминатава недела се зголемија тестирањата во државните лаборатории, а тоа значајно го олесни пристапот кон тестирање. Министерството за здравство го зголеми капацитетот на лабораториите, па така од почетокот на кризата ако имаше по 200 тестирања, сега се стигнува до бројка близу 2 000, со можност во иднина да се зголеми бројот на тестирања.
