Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика, а поранешен висок службеник во администрацијата, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за состојбата со вработените во јавната администрација и дека дел од квалитетните кадри решаваат да си одат од таму.
– Едноставно немате повеќе мотив да останете ниту сатисфакција од таа работа, а некои имаа и притисок да си одат. Она што е основен мотив за државниот службеник, па и веројатно за секој работник е да ја работи својата работа добро и да има признание за својата работа. Не само материјално. Тој сака да види дека неговата работа е видлива и ценета од потесната, пошироката околина. И тоа е првиот мотив. И тоа е докажано – рече Ристевска-Јорданова.
Напишете коментар