Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имал разговори со дел од незадоволниците во партијата и дека дел од нив ќе се вклучат наскоро во партиски активности
Отворени денови за средби со членството на ВМРО-ДПМНЕ најави новиот генерален секретар на партијата Ѓорѓија Сајковски, во гостување на Алфа.
„ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и јасни ставови. Во иднина планираме да имаме отворен ден за да имаме средби со нашите членови. Со сите без разлика дали ажурирале членство или не. Планот е да почнеме со месните комитети и да стигнеме до Централнииот комитет. Ќе ги слушнеме нивните идеи и ќе ги вградиме во нашето делување“,
изави Сајкоски.
Тој рече дека имал разговори и со дел од незадоволниците во ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што вели, ја напаѓале партијата.
„Со моето доаѓање на позицијата генерален секретар веќе зборував и со оние незадоволни, кои го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи треба сите заеднчки да работиме, тоа им го должиме на граѓаните. И мислам дека во следниот период и тие ќе се вклучат во делот каде што можат. Сите кои се на позициии треба да вратат на членовите, симпатизерите, граѓаните и да работиме сите заедно. И ова се однесува за сите кои ја критикуваат партијата“,
рече Сајкоски
Тој зборуваше и за ситуација со Бугарија која најавува блокада за македонскиот старт на преговори со ЕУ.
„Нас прво не убедуваа дека сме во ЕУ, а сега гледаме каква е ситуацијата и дека не сме биле во ЕУ. Владата влезе во целата оваа работа целосно неподготвена. Прво рекоа постигнат е договор со Бугарија, а потоа формираат Комисија која ќе дебатира за прашања од Договорот. Како тогаш е постигнат договор, а се дебатира за теми“,
рече Сајкоски.
