Вкупно 54 лица се наоѓаат на листата вработени во канцеларијата на премиерот Зоран Заев, објавена на веб-страницата на Владата.
Меѓу 54-те се наведени и 23 советници на премиерот, за кои се објавени и нето-платите. Највисоки примања од нив, 74 618 денари, има Зоран Верушевски, кој останува на позицијата советник за национална безбедност.
Двајца советници, Виктор Андонов за енергетика и Милан Живковиќ за труд и социјална политика, земаат по 60 546 денари.
Останатите 20 се со нето-примања од 55 268 денари. Меѓу нив се:
- Дане Талески за надворешна политика;
- Љубе Бошкоски за странски инвестиции;
- Зоран Бојаровски за медиумски реформи;
- Иванна Хаџиевска Кошевалиски за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации;
- Тања Чачарова Илиевска за правда;
- Љупка Цветкова за администрација;
- Сандра Поповска за општествени дејности и јавни политики;
- Фидан Колев за транспорт и врски;
- Ѓорѓи Тасев за млади и спорт;
- Илија Жупаноски за дигитлни комуникации;
- Весна Коваческа Трпчевска за информативни активности;
- Христијан Ѓоргиевски за односи со Собранието и законодавство;
- Светлана Сиљаноска за организација на настани;
- Теодор Богоевски за лица со попреченост;
- Вјоса Исмаили за организација на прес-активности;
- Леон Бакрачевски за промоција на евроатлантските интеграции;
- Марија Мустрик за комуникација на економски политики;
- Марија Теговска за комуникација на реформските процеси;
- Елвис Мемети за инклузија на Роми;
- Сања Божовиќ Стојкоска за истражување, анализи, транспарентност и отчетност.

Покрај советниците, во листата на вработените во кабинетот на Заев се наведени и останатите позиции. Марија Јанева е шефица на неговиот кабинет, а нејзина заменичка е Весна Марашевиќ.
За овие и за останатите позиции, како што се државни советници, раководители и заменик-раководители, во објавениот документ не се наведени платите.
Комплетната листа може да се погледне ТУКА.