Хрватскиот европратеник Тонино Пицула го поздрави одржувањето на онлајн – конгресот на СДСМ и донесувањето одлука за целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените во органите и телата на партијата.

„Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои денеска одржаа дигитален конгрес. Го избраа вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени и да се оди напред. Ја поздравувам силната иницијатива за клучното учество на жените и на младите при донесувањето на одлуки“,
напиша Пицула на Твитер.