СДСМ утре ќе одржи онлајн конгрес преку електронска платформа Зум.
Целта е како што велат, да се заштити здравјето на граѓаните, делегатите и медиумските работници од Ковид 19.
Конгресот ќе го отвори и ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Како што претходно најавија од партијата, конгресот ќе биде за анализа на изборните резултати, како што е предвидено со партискиот Статут по секои парламентарни избори. Ќе се даде отчет за досега сработеното и ќе се презентираат планови за во иднина.
Делегатите на СДСМ последен пат заседаваа во живо во март годинава, во почетоците на ковид-кризата во земјава, кога се утврдуваа кандидатските листи за пратеници на годинашниве избори.