Од денеска стапија на сила одлуките за намалување на капацитетот на патници во возилата кои вршат меѓуградски, градски и општински превоз. Од досегашните 75%, дозволената граница за исполнетост на возилата се намали на 50%.
Изменетиот протокол е објавен во Службен весник со денешен датум и според одлуката на владата стапува на сила истиот ден односно денеска.
Покрај капацитетот, Протоколот предвидува носење задолжителни маски и на патниците и на возачот кој, пак, со физичка преграда треба да е одделен од патниците. Влезот и излезот на возилото да биде на различни врати, а на влезната да има средство за дезинфекција.
Консумација на грана и пијалаци е забранета, а задолжително треба да има корпи за отпадоци со пластична кеса и капак.
Дозволената исполнетост на капацитет во возилата за превоз на патници и претходно беше 50%, а на почетокот на август кога ситуацијата со коронавирусот беше стабилна, владата го зголеми на 75%.
