Овој настан следи откако во понеделникот во близина на Владата напаѓач рани полицаец пред Владата, а потоа се самоуби
Пленковиќ смета дека и тогаш цел на нападот бил лично тој
Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ вчера во седиштето на партијата добил писмо со бел прав и смртни закани, објави денеска РТЛ, повикувајќи се на неофицијални информации.
Полицијата го зела пликот со сомнителна содржина и спроведува истрага.
Телевизијата потсетува дека по нападот на Марковиот плоштад во понеделникот, во кој напаѓач рани полицаец пред Владата, а потоа се самоуби, хрватскиот премиер изрази сомнеж дека цел на нападот бил тој.
Полицијата уапси 63 – годишен маж кој живее во истото село како и починатиот напаѓач Даниел Безук, кој после нападот изјавувал оти цел на Безук бил Пленковиќ и како и тој самиот „сака да го убие“. Кај него е пронајдено огнено оружје и експлозивни материи.
За попладнево е најавена и прес – конференција на која ќе бидат соопштени детали за истрагата за нападот на Марковиот плоштад.