И понатаму главно жариште е Тирана со 113 новозаразени
Нов неславен рекорд од 289 новозразени со ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќие, што е за 32 случаи повеќе во споредба со вчера или 90 со бројката од пред два дена.
„Оваа бројка е добиена од тестрани 1. 402 сомнителни случаи, што значи дека 20 отсто од тестираните се позитивни на опасниот вирус. Во изминатите 24 часа починаа четири лица во болнички услови, додека во списокот на оздравени се внесени уште 93 лица“,
информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита.
И понатаму главно жариште е Тирана со 113 новозаразени, по што следуваат Фиер со 34, Драч 23 и Валона со 19 нови случаи, останатите се речиси од сите делови на земјата.
„Од почетокот на март досега направени се 104 804 тестови, позитивни биле 16 501, оздравеле 9 957, а починале 443 лица. Загрижува постојаниот раст на оние на кои им е неопходо болничко лекување. Моментно во двете ковид болници се хоспитализирани 255 од вкупно активните 6.101 болни, додаваат од Минстерството.
Од вчера во земјата задолжително е носење заштитна маска на отворен простор. Само во текот на вчерашниот ден, како што соопшти полицијата, парично се казнети околу 2 00 лица. Казната е 25 евра, а доколку тоа го повтори истото лице казната е 40 евра, кои се впишуваат во сметките за електрична енергија.
