Хрватските здравствени власти известија дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 1 131 нов случај на ковид-19. Тие се дијагностицирани од направени 5 693 тестирања.
Ова, како што пишуваат хрватските медиуми, е највисока регистрирана бројка на дневно ниво.
Во последното деноноќие има и еден смртен случај.
Во моментов во Хрватска активни се 4 233 пациенти со ковид, а од нив 505 се хоспитализирани. 24 лица се на респиратор.