Крушево во моментов нема активни случаи на ковид-19, а од почетокот на епидемијата досега во овој град се регистррани 20 случаи.
Меѓу градови со најмалку активни случаи е и Демир Хисар со само еден активен случај, Македонски Брод со два, КРатово со три, Пехчево со пет и Ресен со девет.
Според последните податоците на Министерството за здравство во земјава досега се регистрирани се 21 193, бројката на оздравени пациенти е 16 397, на починати е 800. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 996 на ниво на целата територија.