Со последните податоци на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава, во главниот град Скопје има вкупно 1 802 активни случаи на новиот коронавирус.
Од нив најмногу се во Аеродром (338), Центар (328) и Карпош (317). За стоина помалку има во Кисела Вода или вкупно 209 активни случаи на ковид-19. Во Гази Баба се 171 позитивен случај на ковид, а во Ѓорче Петров 154.
По 100 има во Чаир или 89 ковид-случаи и во Бутел точно 70. Во останатите скопски општини бројката се движи под 50 односно во Бутел има 31, во сарај има 16, во Шуто Оризари има 13, а во Сопиште 12 активни случаи.
Помалку од десет активни случаи има во Петровец или вкупно шест. Во Арачиново и Чучер Сандево има по четири случаи, а во Зелениково и Студеничани по три активни ковид-случаи.
Регистрирани се и 14 странци, а 20 лица сè уште не се распределени по општини.
Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 21 193, бројката на оздравени пациенти е 16 397, на починати е 800. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 996 на ниво на целата територија.
