Еврокомесарката за иновации, истражувања, култура, образование и млади Марија Габриел од Бугарија, објави дека е позитивна на коронавирусот.
„По првиот негативен тест на ковид-19 во понеделникот, мојот втор тест беше позитивен. Од понеделник јас сум во изолација и ќе останам дома, по утврдената процедура. Грижете се за вашето здравје и останете безбедни“,
напиша Габриел вчера на Твитер.

Бугарската политичарка, како што пренесува „Политико“, е првиот член на Европската комисија заразен со коронавирусот, иако неколкумина од нив објавија дека се во самоизолација.