Заболен од ковид-19 е и пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски кој од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника
Пратеникот на СДСМ Лазе Таневски од Охрид е позитивен на ковид-19. На својот профил на Фејсбук тој информираше дека се тестирал поради патување во странство.
„Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на ковид-19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен. Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја. Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни. Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам. Се гледаме наскоро“,
нашиша Таневски.
Заболен од ковид-19 е и пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски кој од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника.
Според протоколот, епидемиолозите сега треба да направат епидемиолошки анкети за да се одлучи дали би имало и евентуални препораки за изолација на пратеници.