Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на денешната средба во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, покрај презентација на Инвестицискиот план на ЕУ и Извештајот за Србија, разговарал и за забелешките кои ЕУ ги посочи кон Вучиќ, во однос на состојбата со демократијата во Србија.

За ова српскиот претседател говореше на прес- конференцијата по средбата, на кој кажа дека отворено разговарале за „неговите пропусти“, додавајќи дека „ги прифаќа и дека е одговорен за нив“.
„Забелешките кон мене се дека сум виновен што воведов строг полициски час за време на пандемијата, за прекумерната употреба на сила за време на протестите пред српското собрание, виновен сум за односите со Русија и Кина, набавката на воениот систем ‘Панцир’, за користење на претседателската функција на изборите и за состојба со демократијата во Србија, јас сум виновен за се, а сега јас ќе се потрудам да набавам беспилотно летало од една проблематична земја“,
кажа Вучиќ, чија изјава на моменти делуваше иронично.
Еврокомесарот Вархеји не спомена ништо за оваа тема, туку само охрабри Владата да спроведе реформи, кои треба да одат паралелно со најавениот инвестициски план на ЕУ.
„Ја истакнуваме важноста на владеењето на правото и подготвени сме за ангажман да ја забрзаме работатат на владата, за да можеме да отвориме нови поглавја со Србија на нејзиниот европски пат“,
изјави Вархеји.
Во вчера објавениот извештај за напредокот на Србија, земјата доби три негативни оценки: за изборниот процес, судскиот систем и фискалните реформи, умерен напредок има во борбата против корупцијата (структурни реформи и соработка меѓу агенциите) и реформите во јавната администрација, додека напредок се нотира кај економските и фискалните прашања.
Исто така се посоува дека Србија мора да ја усогласи и својата надворешна политика со Европската унија.