Дури 182 од новозаразените се од Скопје, а во изминатите 24 часа починаа уште четворица пациенти, моментно се активни 2 892 случаи
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-182
Куманово-12
Дебар-3
Штип-13
Прилеп-5
Тетово-8
Велес-7
Битола-6
Охрид-1
Кавадарци-4
Гостивар-11
Гевгелија-12
Струмица-12
Крива Паланка-3
Радовиш-5
Кочани-18
Валандово-3
Делчево-2
Свети Николе-4
Кичево-4
Ресен-1
Неготино-1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.
Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59), Струга(65), два пациенти од Гостивар (71 и 76).
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19 413, бројката на оздравени пациенти е 15 749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 892. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7 724, активни 1166
• Куманово 1 823, активни 166
• Дебар 290, активни 35
• Штип 1 307, активни 79
• Прилеп 742, активни 138
• Тетово 1 517, активни 168
• Струга 693, активни 42
• Велес 348, активни 36
• Битола 344, активни 78
• Охрид 443, активни 36
• Кавадарци 256, активни 41
• Гостивар 959, активни 68
• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 328, активни 185
• Крива Паланка 130, активни 38
• Радовиш 107, активни 35
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 450, активни 183
• Пробиштип 119, активни 17
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 129, активни 47
• Валандово 54, активни 39
• Виница 126, активни 36
• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 380, активни 57
• Кичево 340, активни 29
• Ресен 167, активни 9
• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.