Причина за воведување на новите мерки е благиот пораст на заразени, особено во Белград
Од утре во Србија стапуваат во сила поригорозни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Една од нив предвидува сите објекти, вклучувајќи ги и тие со отворен простор, да работат до 23 часот. Ова се однесува и на оние објекти што досега работеа до подоцна.
Според тамошниот Кризен штаб, последните денови дошло до мал пораст на бројот на заразени, поради што се советува дека сега е клучен момент за почитување на мерките, за носење маски во затворени простори, да се избегнуваат поголеми собири.
Се ограничува и бројот на лица што можат да бидат во еден затворен простор – до 30.
Ќе се зголемат контролите и казните за непочитување на мерките.
Во изминатите 4 часа, во Србија се регистрирани 121 нов случај на заболени, од 6 700 тестови, а на респиратори се 20 лица.
Од почетокот на епидемијата досега, во Србија има 34 193 потврдени случаи на ковид, а процентот на смртност е 2,22 отсто.
Причина за воведување на новите мерки е благиот пораст на заразени, особено во Белград.