На Инфективната клиника моментно се хоспитализирани 85 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ – 35, од кои тројца на респиратор
Аеродром, па Центар, значително предничат пред другите општини во рамките на Скопје и околината според бројките на активни случаи на ковид-19. Од општините што административно се дел од главниот град, најмалку активни случаи има во Сарај, па во Шуто Оризари. Во околината, најмалку случаи, по три, има моментно во Сопиште и во Зелениково:
• Чаир – 61
• Гази Баба – 114
• Аеродром – 173
• Карпош – 147
• Центар – 171
• Кисела Вода – 116
• Ѓорче Петров – 74
• Бутел – 44
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен-7
Ситуација во болниците:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.