Во последните 24 часа се направени 2 691 тестирање, а регистрирани се 53 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Според податоците, регистрирани се 111 оздравени пациенти, а пријавени се 13 починати. Од починатите 5 лица се од Скопје (51, 63, 68, 81 и 88), 3 лица од Струмица (62, 74 и 88), 2 лица од Битола (68 и 82) и по едно лице од Тетово (71), Гостивар (80) и Струга (81). Четворица од пријавените случаи починале дома, а останатите 9 во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 169, бројката на оздравени пациенти е 147 301, на починати е 5 369, а бројот на активни случаи изнесува 2 499.