Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (03.06.2019 г.):
-Владата влезе во третата година од мандатот, а ветувањето дека АД Електрани ќе купи сопствена механизација за РЕК Битола останува неисполнето – фирмите „Пелистер“ и „Марковски компани“ и во изминатите две години ги добиваат најскапите договори за РЕК;
-дали зголемувањето на социјалната помош и за 300% е нов популизам или реална реформа за намалување на сиромаштијата – „360 Степени“ на терен во проверка како течат процедурите по стапувањето на сила на новите законски решенија;
-колку Самитот на НАТО во Лондон, на почетокот на декември, е достижна временска цел за официјализирање на С. Македонија за членка на Алијансата – интервју со шефицата на досието за земјава во НАТО, Тања Хартман;
-по европската титула – ќе се најде ли начин за опстанок на ракометниот клуб „Вардар“ откако Самсоненко најави повлекување: разговаравме со Живко Мукаетов, Трифун Костовски и Наумче Мојсоски;
-активизам на социјалните мрежи под мотото „Дај, не фрлај“;
-„Саботажа“.