Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (13.5.2019 г.):
-поранешни и сегашни соработници на Стево Пендаровски го портретираат новиот претседател на државата;
-„Макрон е лицемерен: од една страна во Берлин ја фалеше С. Македонија, од друга – се двоуми за почеток на преговори со ЕУ“ – кратко интервју со Лоис Трегурес, експерт од Франција за Балканот;
-денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите: случајот на Милко Калкус – наместо државата да му го врати одземениот имот, таа го распродава;
-управното судство падна на тестот на кој го стави асистентот на Правен факултет, Денис Прешова: на изборот на функционери од Собранието не можат да се жалат неизбраните;
-„Саботажа“.