Триесет и три годишниот пациент, кој почина во болницата „8 Септември“ поради компликации од ковид-19, имал прекумерна телесна тежина и вирусот кај него предизвикал тешка пневмонија, информираат од Министерството за здравство.
„33-годишниот пациент, кој почина во ГОБ ‘8 Септември’, бил со прекумерна телесна тежина и вирусот направил тешка билатерална пневмонија. Тој бил хоспитализиран на почетокот на месецот и во болницата се лекувал 2 недели. Од самиот прием бил со ниска сатурација и за цело време на неинванзивна механичка вентилација. Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, тој вчеравечер починал“,
информираат од Министерството за здравство.
33-годишниот пациент е еден од 29-темина починати од ковид-19 според вчерашната статистика на Министерството за здравство.
Дванаесет починати пациенти се од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78, 78, 48 и 64 години); двајца пациенти од Куманово (63 и 82г.); трјца лица од Прилеп (76, 67 и 87г.); двајца од Тетово (65 и 72г.); еден од Струга (81г.); двајца од Велес (77 и 80г.); двајца од Битола (64 и 65г.); двајца од Гостивар (63 и 74г.); еден од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.)