Во последните 24 часа се направени 1 658 тестирања, а регистрирани се 30 новозаразени лица со ковид-19. Според извештајот од Министерството за здравство, во Скопје има 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица и тоа 8 од Скопје (61 г, 62 г, 69 г, 72 г, 75 г, 80 г, 82 г и 82 г), две лица од Битола (65 г, 82 г) и по едно лице од Куманово (80 г), Струмица (76 г), Охрид (68 г), Гостивар (73 г), Ресен (69 г) и Струга (72 г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.
Регистрирани се 359 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 749 727 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 524, бројката на оздравени пациенти е 143 427, на починати е 5 184, а бројот на активни случаи изнесува 5 913.