Во несреќата која се случила доцна синоќа се повредени седум лица кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид
Дваесет и тригодишно момче од Кичево загина во сообраќајна несреќа која се случила синоќа на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево. Момчето управувало патничко возило марка „бе-ем-ве“ со странски регистарски ознаки кога се судрило со патничко возило „ауди“ управувано од негов 40-годишен сограѓанин, по што се удриле во четири паркирани возила.
„Во незгодата починал М.К. (23), а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на ‘ауди’ Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, ‘мерцедес’ и ‘ауди’, а две лица (сопатници) се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата ‘Св. Еразмо’ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола“,
се вели во полицискиот билтен на МВР.