Според неофицијалните информации, 22-годишникот бил избоден со нож од страна на гостинските навивачи и починал на лице место. Во синоќешните инциденти се уапсени над 90 лица, а повредени се осум навивачи од двата табора
Според неофицијалните информации кои се споделуваат во Грција, група од 150 до 200 хрватски навивачи на Динамо Загреб и покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварот АЕК – Динамо Загреб, кој треба да се игра денеска, пристигнале во главниот град на Грција со автобуси и автомобили. По пристигнувањето, тие веднаш се упатиле пред стадионот на АЕК кој бил затворен, по што предизвикале сериозни инциденти.
Хрватските хулигани ги нападнале навивачите на АЕК, но и граѓани кои седеле во кафулињата во близина на стадионот на АЕК во населбата Неа филаделфија во Атина.

При еден таков напад, со нож бил избоден млад 22-годишен навивач на АЕК кој им подлегнал на повредите. Во тепачките се повредени осум лица од кои пет Хрвати и тројца Грци, додека, пак, полицијата пријавува дека уапсила 96 лица, од кои дури 82 се Хрвати.