Изминатите денови дел од медиумите, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии во владите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Груевски, ќе биде предлогот за нов гувернер на Народната банка
Моето мислење за Зоран Ставрески е врвно. Тој е исклучителен експерт и голем познавач. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за идна влада Христијан Мицкоски пред седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) одговарајќи на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Зоран Ставрески за гувернер на Народната банка.

Изминатите денови дел од медиумите, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии во владите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Груевски, ќе биде предлогот за нов гувернер на Народната банка.
Како што посочи Мицкоски, таа тема воопшто не се нашла на дневен ред ниту, пак, воопшто била дискутирана.
„Моето мислење за господинот Ставрески е врвно, тој е исклучителен експерт и голем познавач. Но, таа тема воопшто не била на дневен ред ниту, пак, била дискутирана“,
рече Мицкоски.
Ставрески од 2006 година беше вицепремиер на владата на ВМРО-ДПМНЕ задолжен за економски работи, а од 2009 до 2016 година беше министер за финансии.
Мандатот на сегашната гувернерка на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска истекува 2025 година.