ЗОО-Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка
Зоолошката градина во Скопје повторно ќе биде отворена за посетители од сабота откако во октомври беше затворена поради утврдено присуство на птичји грип кај угината гуска.
„Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме“,
стои во објавата на Зоолошката градина на Фејсбук.
ЗОО-Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Како што информираа тогаш од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка. Беа наредени мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во Зоолошката градина за присуство на вирусот, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширење надвор од Зоолошката градина кај животните и кај луѓето.