Дури и топлата Флорида се предвидува да го дочека својот најстуден Божиќ во изминатите 30 години

Силна арктичка зимска бура се пробива низ САД и делови од Канада носејќи со себе незапаметени ниски температури и одложување на летови во пресрет на најпрометните денови за авиосообраќајот за време на Божиќ.
Повеќе од 100 милиони луѓе ширум САД се под тревога поради метеоролошките услови, а се очекува снежната бура да предизвика сообраќаен хаос токму за претстојниот празничен викенд. Големите аеродроми веќе ги откажаа летовите во пресрет на невремето.
Како што велат синоптичарите, студениот бран на Американците може да им го донесе и најстудениот Божиќ во последните неколку децении. Дури и топлата Флорида се предвидува да го дочека својот најстуден Божиќ во изминатите 30 години.
Националната метеоролошка служба соопшти дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата се можни температури и до минус 45 степени целзиусови.
Се очекува невремето со себе да донесе силни ветрови кои може да предизвикаат штети и прекин на електрична енергија на Средниот Запад и во Канада.