Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски Просперитет, Имер Имери.
„Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови на која се гради земјата“,
посочи Зибери.
Зибери го оцени придонесот на Трајковски и Имери како историски во изградбата на денешното мултиетничко општество, посочувајќи дека тоа мора да се негува и надградува, со цел да се зајакне довербата меѓу етничките заедници.
„Како Претседател на земјата, под покровителство на Борис Трајковски се одржуваа политичките преговори при креирањето на Охридскиот рамковен договор, а како претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери беше еден од четирите политички претставници кои ги водеа преговорите и на крајот беа потписници на Договорот“,
додаде Зибери.