И покрај ставот на раководството на „Железници“ оти бојкотот на железничарите е незаконски, тој продолжува и денеска, а ќе трае сè додека на машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ не им бидат исполнети барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари
Бојкотот на машинскиот и извршниот персонал од „Железници транспорт“ продолжува и денеска откако беше започнат вчера попладне, а патничките и товарните возови не сообраќаат од 15 часот вчера.
Бојкотот ќе продолжи сè додека на машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ не им бидат исполнети барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари, информираше Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.
Раководството на „Железници транспорт“, пак, вчера оцени дека бојкотот на железничарите е незаконски, затоа што не бил најавен писмено.
„Незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ‘ЖРСМ транспорт’ АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите,
оценија од „ЖРСМ транспорт“.