Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а заканата од цунами е помината
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на островите Кермадец, во близина на Нов Зеланд, во 12:41 часот попладне по локално време, односно 41 минута по полноќ по Гринич, соопшти соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот помината е заканата од високи бранови во областа околу островите Кермадец.