Потресот следува по двата силни земјотреси со јачина од 7,7 и 6,6 степени според Рихтеровата скала кои во петокот попладне го погодија јужниот дел на Панама, a кои беа проследени со серија последователни потреси
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Панама.

Геолошкиот институт на Соединетите држави објави дека потресот бил регистриран околу 18:20 часот по локално време на длабочина од 10 километри, со епицентар на 18 километри западно од градот Рио Гранде.
Потресот следува по двата силни земјотреси со јачина од 7,7 и 6,6 степени кои во петокот попладне го погодија јужниот дел на Панама, a кои беа проследени со серија последователни потреси. Првиот земјотрес беше со епицентар во провинцијата Херера, на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван и во соседна Колумбија.
По силните земјотреси, властите во Панама прогласија вонредна состојба во саботата. Досега во потресите се евидентирани 27 повредени, а материјална штета има во сите десет провинции во земјата. Според податоците на надлежните служби, оштетени се најмалку 420 куќи, приближно исто толку училишта, седум хотели, најмалку 13 цркви и девет мостови. Властите тогаш не пријавија смртни случаи поврзани со земјотресот.
