Земјотресот бил почувствуван во главниот град и околината, што ги активира системите за рано предупредување, а луѓето добиваа известувања на своите телефони. Пријавени се најмалку 37 повредени лица

Земјотрес со јачина од 5,9 степени денеска е регистриран во Јапонија,вклучувајќи ја и областа на Токио, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Епицентарот на земјотресот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 километри.
Засега нема информации за повредени и не е издадено предупредување за цунами.
Земјотресот бил почувствуван во главниот град и околината, што ги активира системите за рано предупредување, а луѓето добиваа известувања на своите телефони. Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи соопшти дека најмалку 37 лица се повредени по потресот, вклучувајќи едно лице кое е сериозно повредено. Оттаму додаваат дека и една зграда е оштетена и во префектурата Саитама.
Според Јапонската сеизмолошка агенција, земјотресот се случил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од 70 километри. Оваа област се смета како сеизмички исклучително активна.
Сеизмолозите упатуваат апел до јавноста да остане будна затоа што се можни нови потреси со интензитет помал од 5 степени во текот на следната недела, особено во текот на следните два до три дена.
