Потресот со послаб интензитет е почувствуван во дел од градовите во Албанија, но и во западниот дел на Северна Македонија
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија.
Според информациите објавени од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е регистриран во 18:43 часот по локално време на 28 километри од градот Елбасан во централниот дел на Албанија.

Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во други градови во Албанија, но и во западниот дел на Северна Македонија.
Засега нема информации за причинета материјална штета во земјотресот.