Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда Ml3.0 е регистриран денеска изутрина во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот бил на 80 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.