Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да се осигура дека континентот може да се „зачува“ во секоја глобална ситуација што може да се појави, рече Зеленски
Руската агресија против Украина може да биде поразена, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека ситуацијата на бојното поле во моментов останува релативно стабилна.
„Дури и Русија може да биде вратена во рамките на меѓународното право. Нејзината агресија може да биде поразена“,
рече Зеленски на конференцијата во Шведска преку видеоврска.
Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да се осигури дека континентот може да се „зачува“ во секоја глобална ситуација што може да се појави, додаде претседателот на Украина.
„Две години од оваа војна докажаа дека на Европа ѝ треба сопствен арсенал за да ја брани слободата и сопствената способност да обезбеди одбрана“,
рече Зеленски, кој беше главен говорник на годишната национална конференција на шведската политичка и безбедносна заедница посветена на одбраната.
Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром на конференцијата рече дека примарна задача на шведската надворешна политика во наредните години ќе биде поддршка на Украина.