Не се работи за тоа што можам да дадам. Мојата цел на сите преговори е да се стави крај на војната со Русија“, рече Зеленски одговарајќи на прашањето дали е подготвен да ја признае независноста на Донбас и Крим
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германски „Билд“ оценува дека актуелниот конфликт во Украина може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.
„Сè уште не можеме да зборуваме за детали. Сè уште не сме имале директен контакт меѓу двајцата претседатели. Само по директни разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна“,
посочи тој.
На прашањето дали е подготвен да ја признае независноста на Донбас и Крим тој одговара:
„Не се работи за тоа што можам да дадам. Мојата цел на сите преговори е да се стави крај на војната со Русија“.
Подготвен сум да преземам одредени чекори за завршување на војната, може да се направат компромиси, порачува претседателот на Украина и додава дека сепак тие компромиси не смеат да значат предавство на неговата земја.