Во однос на договорот за минерали и безбедност, украинскиот претседател наведува дека неговата земја е подготвена да го потпише во секое време и во секој соодветен формат
За вербалниот судир со америнскиот претседател во петокот во Овалната соба во Белата куќа, Зеленски вели дека жали што не поминал како што требало и додава оти е време работите да се исправат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска преку објава на социјалните мрежи изјави оти е подготвен во секое време да го потпише договорот за минерали и безбедност со Соединетите Американски Држави (САД) и да работи под, како што вели, силното лидерство на претседателот Доналд Трамп.

Во објавата на платформата Икс, Зеленски се навраќа на тензичната средба со Трамп во Белата куќа во петокот, велејќи дека состанокот не поминал како што требало, но истовремено ја повторува посветеноста на Украина за мир и изразува благодарност до Трамп што на неговата војска ѝ дал оружје Џавелин (Javelin) – преносни противтенковски ракети.
Украинскиот претседател наведува дека никој не сака бескрајна војна и оти Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро со цел да се доближи до траен мир.
„Би сакал да ја повторам посветеноста на Украина за мир… Никој не сака мир повеќе од Украинците. Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силното водство на претседателот Трамп за да постигнеме мир кој ќе трае“, вели Зеленски.
Тој наведува и неколку предлози кои, како што вели, би можеле да бидат првите фази кои ќе бидат почеток на патот до постигнување силен конечен договор за мир.
„Подготвени сме да работиме брзо за да ја завршиме војната, а првите фази би можеле да бидат ослободување на затвореници и прекин на огнот во воздух – забрана за ракети, дронови со долг дострел, енергетски бомби и друга цивилна инфраструктура, како и итен прекин на огнот на море доколку Русија го стори истото. Потоа сакаме да се движиме многу брзо низ сите следни фази и да работиме со САД за да постигнеме силен конечен договор. Навистина го цениме тоа колку Америка направи за да ѝ помогне на Украина да го одржи својот суверенитет и независност. И се сеќаваме на моментот како нештата се сменија кога претседателот Трамп и обезбеди на Украина Џавелини. Ние сме благодарни за ова“,
вели украинскиот претседател.
За вербалниот судир со америнскиот претседател и потпретседателот Џеј-Ди Венс во петокот во Овалната соба во Белата куќа, Зеленски вели дека жали што не поминал како што требало и додава оти е време работите да се исправат.
„Нашата средба во Вашингтон, во Белата куќа во петокот, не помина онака како што требаше. Жал ни е што се случи вака. Време е работите да се исправат. Би сакале За жалење е што се случи на овој начин. Време е работите да се исправат. Би сакале идната соработка и комуникација да биде конструктивна“,
вели Зеленски.
I would like to reiterate Ukraine’s commitment to peace.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 4, 2025
None of us wants an endless war. Ukraine is ready to come to the negotiating table as soon as possible to bring lasting peace closer. Nobody wants peace more than Ukrainians. My team and I stand ready to work under…
Во однос на договорот за минерали и безбедност, украинскиот претседател, наведува дека неговата земја е подготвена да го потпише во секое време и во секој соодветен формат. Овој договор, вели Зеленски го гледаат како чекор кон поголема безбедност и цврсти безбедносни гаранции.
„И навистина се надевам дека ќе функционира ефективно“,
додава украинскиот претседател на крајот на објавата.
Тензиите на средбата во петокот, што предизвикаа бурни и остри реакции од дел светските лидери, резултираше со напуштање на Зеленски на Белата куќа, откажување на планираната заедничка прес-конференција со Трамп, а не беше потпишан ниту договорот меѓу САД и Украина за ретки минерали, како што се очекуваше и беше најавено.

Трамп вчера по средбата изјави дека украинскиот претседател не изгледа како човек кој сака мир.
Од друга страна, лидерите не повеќе земји членки на Европската Унија, како и раководството на Унијата, изразија слилна поддршка за Украина, порачувајќи дека таа не е сама.
Цитирајќи неименуван функционер на Белата куќа, Си-ен-ен синоќа објави дека по жестоката расправа со украинскиот претседател, Трамп наредил привремено суспендирање на пратките воена помош за Украина.
Инаку, Трамп вчера одговарајќи на прашања во Белата куќа избегна да одговори конкретно на прашањето дали размислува за прекин на американската помош за Украина.
На прашањето дали договорот за ретки минерали со Украина е пропадна, америнакскиот претседател рече оти не мисли така, додавајќи оти смета дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да покаже поголема благодарност.