„Победивме тогаш, ќе победиме и сега“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеообраќањето во кое ја посочи победата над нацистичка Германија во Втората светска војна додавајќи дека и овој пат неговата земја ќе извојува победа во војната со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави видеопорака во која ја посочи победата над нацистичка Германија во Втората светска војна додавајќи дека и овој пат неговата земја ќе извојува победа во војната со Русија, јави Би-би-си.
„Победивме тогаш, ќе победиме и сега. Честит Ден на победата над нацизмот. Слава на Украина“,
рече Зеленски во видеообраќањето по повод денешниот ден.
Украинскиот претседател, исто така, рече дека Украина нема да ѝ даде ниту еден дел од земјата на Русија.
„Се бориме за нова победа. Патот до неа е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме“,
додава тој.
President of #Ukraine @ZelenskyyUa: “We won then. We will win now, too! And Khreshchatyk will see the parade of victory – the victory of Ukraine. Glory to Ukraine!” pic.twitter.com/339L7s6Faz
— MFA of Ukraine ?? (@MFA_Ukraine) May 9, 2022
Русија, исто така, денеска ја одбележува годишнината од Денот на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.
Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор, зборувајќи за актуелната војна, истакна дека Русија била принудена да ја нападне Украина откако НАТО не ѝ оставил друг избор.