Тој истакна и дека Русија ги повикувала западните земји на компромис, но тие не сакале да слушаат бидејќи, како што рече, „кроеле планови крвнички да го уништат Донбас и да ја нападнат Русија“
Рускиот претседател Владимир Путин го одржа својот говор по повод одбележувањето на Денот на победата во Москва во екот на воената агресија на неговата земја во Украина.
Традиционалната воена парада на Црвениот плоштад ја одбележаа 10 000 војници и оклопни возила.
Путин во својот говор, зборувајќи за актуелната војна, истакна дека Русија била принудена да ја нападне Украина откако НАТО „не им оставил друг избор“.
„Наша должност е да ги чуваме спомените на оние поради кои сме победници и да не ја повториме глобалната војна. Во претходните години се обидувавме да одржиме мировни договори, но не сакаа да нè слушаат. Имаа целосно друг план, сега тоа го гледаме. НАТО активно се движи кон нашата територија, тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинскиот нацисти. Украина добива најмодерно оружје. Одлуката за спроведување специјална воена операција беше единствената правилна одлука“,
рече Путин.
Рускиот претседател потоа се потсети на Втората светска војна и им го честита Денот на победата на присутните.
„Во Русија не постои семејство кое нема настрадано во Втората светска војна. Денеска тие херои носат фотографии од своите настрадани. Горди сме што сме нивни наследници. Ги паметиме оние кои го уништија нацизмот. Без разлика на несогласувањата во меѓународните односи, ние гарантираме сигурност“,
порача Путин.
Тој истакна и дека Русија го повикувала западните земји на компромис, но тие не сакале да слушаат бидејќи, како што рече, „кроеле планови крвнички да го уништат Донбас и да ја нападнат Русија“.
„Се создаваше егзистенцијална закана. Единствено изнудено решение беше да ја браниме сувереноста. САД по распадот на СССР зборуваат за својата посебност и го понижува целиот свет. Ние сме поинаква земја, имаме друг карактер, нема да се откажеме од љубовта кон земјата и сите култури. Расте русофобијата, негирањето на храброста на оние што загинаа. Горди сме на вашиот подвиг, тоа сакам да го знаете, горди сме за вашата улога и горди сме на сите сојузнички војски и партизани кои го уништија фашизмот и нацизмот. Денеска војниците заедно со руската војска од Донбас одат во војна и полагаат животи за Русија. Им се обраќам на сите во Донбас, војувајте за нашата татковина, за иднина, со цел на светот да нема крвници ниту нацисти“,
додаде Путин.