Со постојното претставништво на Украина во 10 африкански земји, заедно со новите амбасади и деловни и трговски објекти, треба да бидеме претставени во 30 земји од африканскиот континент, додаде тој
Украина планира да отвори нови амбасади во 10 африкански земји со цел зајакнување на соработката и трговските врски, изјави денеска Володимир Зеленски на конференција во Киев.
„Повторно работиме на односите со десетици африкански земји. Мораме да ги зајакнеме следната година. Десет земји веќе се договорени во Африка каде ќе отвориме нови амбасади. Има и планови за развој на меѓусебната трговија“,
рече Зеленски.
Со постојното претставништво на Украина во 10 африкански земји, заедно со новите амбасади и деловни и трговски објекти, треба да бидеме претставени во 30 земји од африканскиот континент, додаде тој.