Во објава на социјалните мрежи украинскиот претседател истакна дека на средбата со лидерите на американските одбранбени компании презентирал предлог за формирање на европски одбранбен центар во неговата земја што ќе го забрза и зголеми производството на воена опрема и муниција. Изрази и благодарност до секој американски работник кој произведува оружје што им помага на Украинците да ја заштитат својата земја
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска е во посета на Вашингтон, каде што се очекува да се сретне со претседателот Џо Бајден, повика на создавање европски воен центар во Украина.

Во објава на социјалните мрежи Зеленски истакна дека на средбата со лидерите на американските одбранбени компании презентирал предлог за формирање на европски одбранбен центар во неговата земја што ќе го забрза и зголеми производството на воена опрема и муниција. Изрази и благодарност до секој американски работник кој произведува оружје што им помага на Украинците да ја заштитат својата земја.
„Предложив формирање на европски одбранбен центар во Украина. Подготвени сме да ги донесеме сите суштински одлуки, да ја намалиме бирократијата и да дистрибуираме нарачки. Подготвени сме да произведеме повеќе муниција и воени возила, но ни треба поддршка. Важно е да се развие заедничко производство на артилериска муниција, системи за противвоздушна одбрана и артилериски и ракетни системи“,
рече Зеленски.
Украинскиот претседател денеска е во посета на САД каде што се очекува да оствари средби со американските сенатори, со претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и со американскиот претседател Џо Бајден.
Неговата посета доаѓа откако тој го откажа своето видеообраќање пред американските сенатори на 5 декември, по зголемените тензии на дебатата околу барањето на Бајден за финансирање на тековните конфликти во Украина и Израел од речиси 106 милијарди долари.