Aлександaр Сирски претходно беше командант на копнените сили на Украина, а на позицијата врховен командант на украинската војска доаѓа како следбеник на Валериј Залужни кој беше разрешен од функцијата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Aлександaр Сирски за врховен командант на војската на Украина откако најави дека е време за „обновување на раководството“ на вооружените сили на земјата.

Сирски претходно беше командант на копнените сили на Украина, а на позицијата врховен командант на украинската војска доаѓа како следбеник на Валериј Залужни кој беше разрешен од функцијата.
Зеленски претходно денеска се состана со претходниот врховен командант генерал Валериј Залужни и рече дека побарал од него да остане во неговиот тим, не прецизирајќи во кое својство.
Разрешениот Валериј Залужни (50) стана врховен командант на украинската армија неколку месеци пред руската инвазија во февруари 2022 година, а под негова команда, украинските трупи спречија целосна инвазија и подоцна вратија некои окупирани територии.