Според него, намалена е испораката на гранати од 155 милиметри што се користат на линијата на источниот и јужниот фронт во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека испораката на клучни артилериски гранати во неговата земја е намалена по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Испораките се намалени. Сите се борат за своите резерви. Тоа е животот, не велам дека е позитивен, но тоа е живот и ние мора да го браниме она што е наше“,
рече Зеленски.
Тој посочи дека е намалена испораката на гранати од 155 милиметри што се користат на линијата на источниот и јужниот фронт во Украина.