Во синоќешното обраќање пред граѓаните на Украина, Зеленски изјави дека со израелскиот премиер Бенет разговарале и за скандалозните и целосно неприфатливи изјави на Лавров. Изјавите на рускиот дипломат претходно го разбеснија Израел, а шефот на израелската дипломатијата ги оцени изјавите на Лавров како непростливи и скандалозни, додавајќи дека Евреите не се убивале самите себе во холокаустот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со израелскиот премиер Нафтали Бенет за „скандалозните и неприфатливи“ изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој претходно рече дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер има еврејска крв.
„Се водеа плодни преговори со премиерот Нафтали Бенет. И нему и на израелскиот народ им го честитав Денот на независноста“,
објави синоќа Зеленски на Твитер додавајќи дека го информирал Бенет за борбата против Русија и критичната ситуација во Мариупол.
Во синоќешното обраќање пред граѓаните на Украина, Зеленски изјави дека со израелскиот премиер Бенет разговарале и за скандалозните и целосно неприфатливи изјави на Лавров, пренесе Данас.
Реагирајќи на изјавата на Лавров во средата, Зеленски рече дека поистоветувајќи го со Хитлер и сугерирајќи дека тој и другите украински лидери се антисемитисти, Русија само ја продолжува методологијата на пропагандата на нацистот Џозеф Гебелс.
Во изјава за Фокс њуз, Зеленски рече дека Москва го следи истиот концепт на Гебелс и ја користи истата методологија за да ја оправда војната во Украина.
„Мислам дека реакцијата во светот сè уште е слаба на изјавите на Лавров“,
рече Зеленски.
Во меѓувреме, западните лидери ги осудија изјавите на рускиот дипломат Лавров како невистинита и апсурдна, а во Израел предизвикаа жестока реакција. Шефот на израелската дипломатијата ги оцени изјавите на Лавров како непростливи и скандалозни, додавајќи дека Евреите не се убивале сами себе во холокаустот.