Денес можеме да објавиме дека Холандија и Данска се обврзуваат на трансфер на авиони „Ф-16“ на Украина и на украинските воздухопловни сили, рече холандскиот премиер Марк Руте
Холандија и Данска рекоа дека дефинитивно ќе и дадат борбени авиони „Ф-16“ на Украина откако ќе се исполнат условите за трансфер, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја посети неговата земја.
„Денес можеме да објавиме дека Холандија и Данска се обврзуваат на трансфер на авиони ‘Ф-16’ на Украина и на украинските воздухопловни сили“,
рече Руте на заедничката прес-конференција со Зеленски на воената база во Ајндховен.
Зеленски, кој договорот го нарече „договор за пробив“, рече дека точниот број на авиони ќе се разговара „малку подоцна“.
„Денеска правиме уште еден чекор кон зајакнување на воздушната одбрана на Украина. Авионите ‘Ф-16’ ќе ги користиме за да ги држиме руските терористи надвор од украинските градови и села“,
напиша Зеленски.
Тој потврди дека се договориле со премиерот Руте 42 авиони „Ф-16“ да бидат испорачани во Украина по обуката на пилотите и инженерите.
„Марк Руте и јас се договоривме за бројот на ‘Ф-16’ кои треба да бидат испорачани во Украина и ова е само почеток. Ви благодариме, Холандија!“,
рече тој.
Зеленски рече дека авионите ќе помогнат да се зајакне воздушната одбрана на Украина и да помогне во нејзината контраофанзива.
„Авионите можат да го забрзаат овој процес“,
рече тој.
Руте рече дека Холандија има на располагање вкупно 42 „Ф-16“, но рано е да се каже дали сите ќе бидат донирани.
Зеленски, кој договорот го нарече „договор за пробив“, рече дека точниот број на авиони ќе се разговара „малку подоцна“.
Ветувањето е првото вистинско ветување на „Ф-16“ за вооружените сили на Украина и доаѓа неколку дена откако САД ја одобрија можната испорака на борбените авиони од Холандија и Данска.
Зеленски пристигна во Холандија во неделата и се очекува да продолжи во Данска подоцна во текот на денот. Данското Министерство за надворешни работи исто така ја потврди својата посветеност за испорака на Ф-16 во соопштението во неделата.
Зеленски рече дека авионите ќе помогнат да се зајакне воздушната одбрана на Украина и да помогне во нејзината контраофанзива.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников вчера рече дека обуката за украинските пилоти е започната, но ќе бидат потребни најмалку шест месеци, а можеби и подолго за да се обучат и инженери и механичари.
Претседателот на Украина, од Холандија отпатува во Данска, каде што ќе се сретне со премиерот Мете Фредериксен, членови на кралското семејство и со претставници на бизнис-заедницата. Пред Холандија, Зеленски беше во посета на Шведска.