Ја изразил и својата желба да види акција за членство на Украина во НАТО на овогодишниот Самит на НАТО, додавајќи дека 2024 година ќе стане одлучувачка за Украина и за нејзините сојузници
Докажавме дека Русија може да биде запрена. Сега треба да докажеме дека сме способни да постигнеме праведен мир, рече Зеленски на прес-конференција во Вилнус, Литванија, пренесува „Гардијан“.

Оттаму ја коментирал и важноста Украина и Литванија да соработуваат, велејќи дека тоа е неопходно за двете земји да не станат заложници на географијата.
„Заедно мораме да одредиме какви одлуки ќе ни донесе оваа година. Тоа мора да бидат одлуки во корист на нашата слобода. Нема да дозволиме Русија да ја уништи нашата и вашата државност“,
рече тој.
Според него, нема притисок од партнерите на земјата да ја прекине борбата против Русија.
Ја изразил и својата желба да види акција за членство на Украина во НАТО на овогодишниот Самит на НАТО, додавајќи дека 2024 година ќе стане одлучувачка за Украина и за нејзините сојузници.
Говорејќи за модерната воздушна одбрана, тој токму тоа го нарече за најголем недостаток на неговата земја.