Зеленски вчера ненадејно отпатува за Литванија, а во наредните денови треба да ги посети Летонија и Естонија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека четири земји би можеле да бидат во опасност доколку Украина падне. Во видеото што го објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко, Зеленски вели дека четири балтички земји би можеле да бидат следната цел на рускиот претседател Владимир Путин.
„Следни можат да бидат Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија. И тоа е сигурно ако не издржиме“,
вели Зеленски.
“Lithuania, Latvia, Estonia, Moldova may be next. And it is certain if we do not withstand. We have heard recently that they have started talking about Finland, they have started talking about the independence of Uzbekistan, and so on. He [Putin] will not finish this until we… pic.twitter.com/dQbqihEsbv
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 10, 2024
Зеленски вчера ненадејно отпатува за Литванија, а во наредните денови треба да ги посети Летонија и Естонија. Во Литванија тој се заблагодари за новиот одобрен пакет помош за Украина, потсетувајќи дека Русија во последните неколку месеци, веќе им се заканила на некои земји.
„Неодамна слушнавме дека почнале да зборуваат за Финска, почнале да зборуваат за независноста на Узбекистан… Путин нема да запре додека колективно не го спречиме“,
рече Зеленски.
Путин ѝ се закани на Финска дека ќе има проблеми доколку влезе во НАТО, а по Финска во НАТО треба да влезе и Шведска, која исто така неодамна ги предупреди своите граѓани за зголемен ризик од војна.